• недела, 22 декември 2024

Во Германија илјада пациенти заразени од Ковид-19 се на интензивна нега

Во Германија илјада пациенти заразени од Ковид-19 се на интензивна нега
Берлин, 25 март 2020 (МИА) - Во германските болници моментно околу илјада заболени од коронавирус се наоѓаат на интензивна нега, покажуваат објавените податоци од Здружението на германски болници ДКГ. - Во домашна изолација се лекуваат околу 4.000 пациенти, на кои им е потребна нега, истакна претседателот на Здружението, Гералд Гас. Тој за медиумите изјави дека во следните денови се очекува значителен раст на бројот на инфицирани лица. - Мислам дека до крајот на оваа недела ќе не очекува бројка од околу 70.000 регистрирани случаи, нагласи гас. гт/

Остани поврзан