• понеделник, 23 декември 2024

Во Валандово се монтираат нови канти за отпад

Во Валандово се монтираат нови канти за отпад
Валандово, 5 април 2022 (МИА) - Во рамки на проектот за подобрување на комуналните услуги, поддржан од Светска банка, Општина Валандово преку Министерството за финансии доби средства во висина од 765.069 денари со кои набави специјализирани садови за собирање отпад. Јавното претпријатие „Комунален сервис“ со доделените средства купи 215 пластични канти, 31 контејнер и 43 корпи за џебен отпад чие што монтирање почна денеска во Валандово од страна на вработените комуналци, соопштија од општината. Посочија дека наредните денови планирано е да продолжи поставувањто на садовите за отпад во населените места на територијата на Општина Валандово кои досега не беа дел од организираниот систем на претпријатието за собирање отпад. - Целта на активноста е да изградиме ефикасен систем за организирано собирање на отпадот од секое населено место, преку заедничка одговорност да направиме чекор кон поздрава животна средина и да оставиме позитивен пример за наредните генерации, изјави градоначалникот Перо Костадинов.им/фф/

Остани поврзан