• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ со критики за процесот на вакцинација против Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ со критики за процесот на вакцинација против Ковид-19
Скопје, 28 јуни 2021 
Врските за вакцинирање главна карта за вакцините на Филипче кои доцнат. Граѓани чекаат со недели за да дојдат на ред, а други добиваат вакцини преку ред. Власта ги подели граѓаните на луѓе од прв ред и луѓе од втор ред. Луѓе од прв ред се луѓето од власта и тие добиваат се преку ред, а луѓе од втор ред се сите други, кои треба да чекаат да добијат се луѓето од власта, па за нив ако остане остане. Вакцинирани се луѓето подобни за власта, а за народот нема вакцини. Народот треба да чека за сите од власта да се извакцинираат, па за нив ако остане. Целиот процес на вакцинација почна со донирани вакцини. Првите 60тина илјади вакцини беа милостина на други држави и од КОВАКС системот, а потоа кога се потрошија народот одеше во Србија да се вакцинира, за на крај во последните три недели скоро и да снема вакцини, а процесот речеси запре. На Филипче му требаа 5 месеци за да почне со вакцинација и уште 2 месеци за да дојде до некоја нормална бројка на вакцини. Во тој временски период десетици илјади се заразија и стотици ги загубија своите животи. Заради неспособноста на Филипче народот страда. Време е да ставиме крај на лошите политики. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан