• петок, 22 ноември 2024

Верификувани мандатите на членовите на Советот на општина Кичево

Верификувани мандатите на членовите на Советот на општина Кичево
Кичево, 10 ноември 2021 (МИА) - На денешната конститутивна седница на Советот на општина Кичево, што ја отвори најстариот член на Советот, Анто Трајаноски, беа верификувани мандатите на идните советници во општината. Функцијата претседател на Совет на општина Кичево во наредниот четиригодишен мандат ќе ја извршува Скендер Џафери, професор во ОСУ„ Дрита“ Кичево. - Ние сме избрани од граѓаните за доброто на општина Кичево.Се надевам дека ќе бидеме сплотени за доброто на сите  во нашата општина. Го добивме гласот од народот за да му служиме и да ги решаваме нивните проблеми. Ве молам и апелирам настрана политичката припадност, сите ние треба да бидеме единствени и да работиме во интерес на општината, а најмногу за тие што не изгласаа, истакна Скендер Џафери, новиот претседател на Советот на општина Кичево. Тројца советници од советничката група на ДУИ, Газменд Јусуфи, Кемал Рушити и Џика Јахоја, поради работни обврски го отповикаа својот мандат во Советот на општина Кичево. за/цр

Остани поврзан