• петок, 05 декември 2025

Вембанјама доби дозвола за враќање на теренот

Вембанјама доби дозвола за враќање на теренот


Њујорк, 15 јули 2025 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Сан Антонио и француски репрезентативец, Виктор Вембанјама, ги надмина здравствените проблеми што го принудија предвреме да ја заврши минатата сезона и може да почне со подготовките за новата, објави францускиот спортски весник „Л’Екип“.
„Официјално сум подготвен да се вратам. Едноставно се случи – добив „зелено светло“ од медицинскиот тим на Сан Антонио … Конечно ќе можам повторно да играм кошарка“, изјави Вембанјама за „Л’Екип“.
Францускиот кошаркар беше опериран во март откако му беше откриено згрутчување на крвта во десното рамо и му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза.
Младиот 21-годишен француски центар одигра 46 натпревари минатата сезона во кои имаше просек од 24,3 поени, 11 скокови, 3,7 асистенции и беше најдобар блокер во НБА лигата со просек од 3,8 блокади. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан