• сабота, 23 ноември 2024

Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за Ковид-19

Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за Ковид-19
Лондон, 22 мај 2020 (МИА) - Министерството за здравство на Велика Британија го објави почетокот на истражувањето на новиот тест за Ковид-19, со кој ќе бидат потребни само 20 минути за да се добијат резултати. Пробите на новиот тест, кој открива дали луѓето го имаат вирусот или не, започнаа во Хемпшир. Министерството соопшти дека новиот метод на тестирање „се покажа дека е ефикасен во клинички услови“. Тестот ќе биде испробан во оддели за итни случаи, а пробниот план ќе опфати околу 4.000 лица и ќе трае до шест недели. Успехот на новиот тест ќе ги поддржи плановите на Владата на Велика Британија за справување со предвидениот втор бран на инфекција со коронавирус во земјата. паг/  

Остани поврзан