• четврток, 21 ноември 2024

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина
Варшава, 20 февруари 2022 (МИА) - Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. - Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија, напиша Блашчак на Твитер. САД и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700, односно 350 војници, во Полска. Пентагон подоцна најави испраќање на уште 3.000 војници во Полска. гт/

Остани поврзан