• сабота, 23 ноември 2024

Вајлдер побара 10 милиони долари за да дозволи борба Џошуа-Фјури

Вајлдер побара 10 милиони долари за да дозволи борба Џошуа-Фјури
Лас Вегас, 14 мај 2020 (МИА) - Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер се согласува да не се бори по трет пат против Тајсон Фјури и да го отстапи редот на Ентони Џошуа. Тој постави два услови за тоа да се случи. Еден од нив е финансиски, што не е ни изненадување. Според essentialsports.com, Вајлдер се согласил да се откаже од своето место за борба против Фјури доколку му бидат понудени 10 милиони долари. Негов друг услов е да се бори против победникот од дуелот Ентони Џошуа - Тајсон Фјури. Промоторот на Џошуа, Еди Харн, даде краток коментар на овој предлог. - Никогаш не кажувај „никогаш“, но е малку веројатно, вели Херн.

Тагови

Остани поврзан