• петок, 05 декември 2025

Вашеро продолжува со одличните настапи

Вашеро продолжува со одличните настапи

Париз, 30.октомври 2025 (МИА) – Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај Валери Вашеро ја продолжува серијата успешни настапи. Тој успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако денеска го совлада Камерон Норие со 2:0 во сетови. Негов ривал ќе му биде Феликс Оже-Алисимене, кој во три сета со 2:1 го елиминираше Даниел Алтмаер.

Изненадување не дозволија Бен Шелтон и Алекс Де Минаур, кои со 2:0 во сетови славеа победи против Андри Рублев односно Карен Качанов.

Од фаворитите турнирот попладнево заврши за четвртиот носител Тејлор Фриц, кој загуби со 2:0 во сетови од Александер Бублик.

На програмата во вечерните часови сè уште три осминафинални мечеви: Данил Медведев – Лоренцо Сонего, Јаник Синер – Франциско Серундоло и Алеханјдро Давидович Фокина – Александар Зверев. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан