Бугарија/Избори: Воведувањето машинско гласање во Бугарија беше апсолутно исправен потег, смета спикерот на парламентот
- Машинско гласање беше воведено по новите измени во Изборниот законик во делови со над 300 гласачи

Софија, 11 јули 2021 (МИА) - Воведувањето машинско гласање во Бугарија беше апсолутно исправен потег. Со таков став е спикерот на 45-то народно собрание на Бугарија, Ива Митева од партијата „Има таков народ“.
Машинско гласање беше воведено по новите измени во Изборниот законик во делови со над 300 гласачи.
Митева истакна дека е исклучително среќна што Уставниот суд ја потврди и исправноста на нивната одлука.
„Една од причините за воведување на ова машинско гласање беше оваа нееднаква ситуација во која се наоѓаа бугарските граѓани во земјата и оние во странство“, изјави Митева.
„Мислам дека ја направивме вистинската работа. Мотивите во жалбата на ГЕРБ против нашата одлука беа многу неосновани и апсурдни".
Митева потсети дека во 2017 година машинското гласање пропаднало поради неуспешна јавна набавка. зш/