• петок, 05 декември 2025

Бублик и Оже-Алисимен први полуфиналисти на Мастерсот во Париз

Бублик и Оже-Алисимен први полуфиналисти на Мастерсот во Париз

Париз, 31.октомври 2025 (МИА) – Александар Бублик и Феликс Оже-Алисимен се првите полуфиналисти на Мастерсот во Париз. Тие во првите два четвртфинални меча одиграни денеска постигнаа победи. Бублик по голема борба и речиси 2,5 часа игра го совлада Алекс Де Минаур со 2:1 во сетови со пресврт. Противникот го доби првиот сет во тај брејкот со 7:5 на поени, додека следните два му припаднаа на Бублик со 6.4 и 7:5 во гемови.

Оже-Алисимен беше убедлив против победникот на Мастерсот во Шангај Валентин Вашеро со 2:0 во сетови добивајќи ги со 6:2 во гемови двата сета.

Во другите два четвртфинални меча вечерва играат: Бен Шелтон против Јаник Синер и Данил Медведев против Александар Зверев. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан