• петок, 05 декември 2025

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид последни четвртфиналисти

 

Орландо, 2 јули 2025 (МИА) – Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа во последната преостаната осминафинална пресметка го совлада мексикански Монтереј со 2-1.

Противник на Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе биде мадридски Реал, кој обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи со триумфот од 1-0 над Јувентус.

Преостанатите четвртфинални двојки на Светското клупско првенство кое се одржува во САД се: Палмеирас – Челзи, ПСЖ – Баерн Минхен и Флуминенсе – Ал-Хилал. ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан