Бодибилдерот Јанев балкански шампион на ИФББ шампионатот
- Бодибилдерот Ивица Јанев е крунисан за балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за Бодибилдинг и Фитнес кој се одржува викендов во Скопје. Тој уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје.

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Бодибилдерот Ивица Јанев е крунисан за балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за бодибилдинг и фитнес кој се одржува викендов во Скопје. Тој уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје.
Ивица беше прогласен за Балкански шампион во бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.
- Навистина сум среќен што после четири години повторно сум шампион на Балканот. Конкуренцијата е голема на Балканот, така што горд сум на оваа титула, која е Шампион во бодибилдинг „Classic Physique“. Ова е само еден поттик како за сите идни натпревари така и во моето работно достигнување во бодибилдинг кариерата, изјави Јанев.
Тој неодамна го освои Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен апсолутен шампион. Има освоено шест злата и две титули апсолутен победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија.
Следен предизвик за Јанев е Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија. зс/