• понеделник, 23 декември 2024

Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на кожа во Гевгелија

Бесплатни прегледи за рана детекција на рак на кожа во Гевгелија
Гевгелија, 17 мај 2022 (МИА) - Во рамки на европската кампања за рана детекција на рак на кожата, како една од најзастапените форми на рак во светот, утре и задутре од 13 до 15 часот во Општата болница во Гевгелија ќе се вршат бесплатни дермоскопски прегледи. -Ракот на кожата, кој најчесто е предизвикан од прекумерно небезбедно изложување на сонце, може да има добра прогноза и висок процент на излекување, но за жал свеста за неговите симптоми моментно е ниска и претставува ризик за можностите за витално рано откривање, рече докторката Софија Гугова од амбулантата за кожни и венерични болести при Општата болница во Гевгелија. Посочи дека гевгелиската болница се приклучила на кампањата за бесплатни дермоскопки прегледи и совети за заштита од сонцето, од причина што токму тие се клучни за превенција, рана детекција на меланомот и негово лекување. Ракот на кожата најчесто се јавува кај луѓе над 50 годишна возраст што не значи дека и другите не треба да бидат засегнати, вели Гугова и додава дека меланомот е меѓу шесте најраспространети типови на карцином и еден меѓу дваесетте најчести причинители за смрт од рак, според заедничката изјава на Европката академија и на македонското здружение на дерматовенеролози. им/вј/

Остани поврзан