• сабота, 16 ноември 2024

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО

Стокхолм, 14 февруари 2023 (МИА) - Партнерите во НАТО треба брзо да го спроведат договорот за прием на Шведска и Финска заедно во Алијансата, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Бербок истакна дека Шведска презела видливи чекори за да ја смири загриженоста на Турција за нејзиното присоединување.

„Беше правилно и важно што (Шведска) одговори на загриженоста на Турција, дојде до Анкара и презеде опипливи чекори за решавање на тие грижи. Сега останува на сите земји од НАТО да дејствуваат на таков начин што Шведска и Финска можат да се здружат“, изјави таа при посетата на Стокхолм.

Според неа, тоа не е само во интерес на двете земји, туку и во интерес на НАТО. 

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром рече дека неговата земја се уште се надева да се приклучи на НАТО што е можно поскоро, без разлика дали нејзината кандидатура и напредокот на Финска се со исто темпо. паг/ 

Остани поврзан