Бајден: Демонстрациите на Капитол се еден од најцрните денови во историјата на САД
- - Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден.

Вашингтон, 7 јанунари 2021 (МИА) - Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол еден од „најцрните денови“ во историјата на САД.
- Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден.
https://twitter.com/i/status/1347256846453780481