• вторник, 15 септември 2026

Барселона го продолжи договорот со Абделкарим до 2030

Барселона го продолжи договорот со Абделкарим до 2030

Барселона, 11 септември 2026 (МИА) – Младиот египетски напаѓач Хамза Абделкарим го продолжи договорот со Барселона до јуни 2030 година, објави денеска каталонскиот клуб.
Осумнаесетгодишниот Абделкарим, кој дебитираше во египетскиот дрес на овогодишното Светско првенство, пристигна во Барселона во февруари како позајмен фудбалер од неговиот матичен клуб Ал Ахли.
Откако пристигна во каталонскиот гигант, Абделкарим за младинскиот тим на Барселона, постигнувајќи шест голови на 11 натпревари, а со своите настапи го убеди раководството на актуелниот шпански првак да ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор во јуни.
Египетскиот тинејџер дебитираше за сениорскиот тим на Барселона на 31 август, кога влезе од клупата за резерви на местото на капитенот Рафиња во 86. минута од натпреварот од Ла Лига против Рајо Ваљекано (5-2) на „Камп Ноу“. ег
ФОТО: ЕПА