• четврток, 04 декември 2025

Баер го отпушти Тен Хаг

Баер го отпушти Тен Хаг

Леверкузен, 1 септември 2025 (МИА) - Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на бундеслигашот Баер. Одлуката ја донесе бордот на акционери на клубот од Леверкузен.

- Ова не беше лесна одлука. Никој не сакаше да го преземе овој чекор. Сепак, последните неколку недели покажаа дека е невозможно да се создаде нов и успешен тим со таква структура. Цврсто сме убедени во квалитетот на нашиот тим и сега ќе направиме сè што е можно за да го развиеме клубот, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес.

Педесет и петгодишниот Холанѓанец го презеде клубот на 1 јули. Под негово водство, Баер одигра три натпревари и забележа една победа, еден пораз и еден нерешен резултат. 

Клубот од Леверкузен е на 12. место на табелата во Бундеслигата со еден бод. зс/

Фото: Фејсбук Баер

Остани поврзан