• сабота, 21 декември 2024

Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово
Скопје, 22 август 2020 (МИА) - Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи на Специјалниот суд за воендите злосторства во Косово, јави ТВ21 повикувајќи се на извори од партијата. Од партискиот кабинет на Ахмети, за телевизијата, ја потврдиле информацијата дека нивниот претседател за 10 дена ќе оди за Приштина да сведочи за неговата услога во ОВК. Меѓународните обвинители, се посочува, побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење. Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство на Косово ќе се јави во Специјалниот суд во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК. вг/

Остани поврзан