• петок, 22 ноември 2024

Амнести ја повикува ЕУ да им се придружи на САД во укинувањето на патентите за вакцините

Амнести ја повикува ЕУ да им се придружи на САД во укинувањето на патентите за вакцините
Брисел, 6 мај 2021 (МИА) - Веста дека САД поддржува укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19 ја стави Европската Унија во незгодна ситуација. Хуманитарните организации ја повикуваат ЕУ да се придружи, јави дописничката на МИА од Брисел. Амнести Интернешнл утрово порачува дека Европа денес се буди во нова политичка реалност во која грабањето вакцини станува неодржлива со оглед на катастрофалната ситуација во поранливите земји. - Време е за ЕУ да ги стави здравјето и човековите права пред приватниот профит, изјави портпаролката на Амнести Европа, Алисон Абрамс. Лидерите на ЕУ треба се приклучат кон глобалниот напор за да се спасат безброј животи ширум светот со тоа што ќе поддржи укинување на заштитата за интелектуалната сопственост за вакцините против Ковид-19, повика Амнести. - Светот е сега цврсто свртен кон лидерите на ЕУ да го преземат овој храбар чекор, велат од организацијата. Индија и Јужна Африка, земји меѓу најпогодените од пандемијата, уште во октомври 2020 побараа да се укинат патентите. тм/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан