• петок, 05 декември 2025

Алкараз ќе го пропушти следниот Мастерс

Алкараз ќе го пропушти следниот Мастерс

Токио, 30.септември 2025 (МИА) – По победата на турнирот во Токио шпанскиот тенисер Карлос Алкараз донесе одлука да го пропушти следниот Мастерс турнир. Тоа значи дека нема да настапи на турнирот во кинескиот град Шангај.

Алкараз во финалето на турнирот во Токио го совлада Тејлор Фриц со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4), но веднаш по освоената титула објави дека нема да настапи во Шангај.

-  Разочаран сум што мора ова да го соопштам. Се повлекувам од Мастерсот од Шангај. Одреден период имам физички проблеми и во консултација со мојот тим донесовме одлука дека најдобро е да одморам, изјави Алкараз.

Победата во Токио за шпанскиот тенисер беше 24.та титула во кариерата.

Мастерсот во Шангај почнува на 1.октомври. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан