• недела, 22 декември 2024

Активирана војската поради насилните протести во Минеаполис

Активирана војската поради насилните протести во Минеаполис
Минеаполис, 29 мај 2020 (МИА) - Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење. Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбувале продавници и уништувале се пред нив. Градоначалникот Џејкоб Фреј побарал од гувернерот Волц да испрати воени единици. Гувернерот повика на мир, истакнувајќи дека насилството претставува „исклучително опасна ситуација“ и побара од луѓето да се разотидат. Протестите избија по смртта на Џорџ Флојд, кој наводно починал од задушување откако полицаец се обидел да го уапси и со коленото му го притиснал вратот. Канцеларијата на американскиот јавен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спроведуваат кривична истрага за смртта на Флојд. гт/

Остани поврзан