• понеделник, 23 декември 2024

Аирбнб ги откажува резервациите за сместување во Пекинг

Аирбнб ги откажува резервациите за сместување во Пекинг
Сан Франциско, 10 февруари 2020 (МИА) - Компанијата Аирбнб соопшти дека ги откажува резервациите за сместување во Пекинг до 29 февруари, поради ширењето на  коронавирусот во Кина. „Во контекст на ширењето на новиот коронавирус и упатствата на локалните власти за време на оваа вонредна здравствена ситуација, резервациите на сите огласени капацитети во Пекинг од 7 до 20 февруари се откажани“, соопшти Аирбнб. Оваа одлука важи само за Пекинг, изјави портпарол на компанијата за Кина и додаде дека Аирбнб ја анализира ситуацијата и работи според упатставата на локалните власти. паг/

Остани поврзан