АД ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара да не почитуваме закони
- СООПШТЕНИЕ - Опозицијата неосновано ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.
Скопје, 28 јануари 2025
Опозицијата неосновано ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.
Потенцираме дека компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Имено, согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија.
Во тек на тековната грејна сезона зголемена е цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ.
Независно дали Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука за корекција на регулираниот максимален приход и цената, сакаме да потенцираме дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење.
Кога веќе ги спомнува друштвата за топлинска енергија, да потсетиме дека СДСМ во соработка со нивните поранешни коалициони партнери, трите друштва за производство, дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни основи.
АД ЕСМ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива