• понеделник, 15 јули 2024

Австриските власти реагираат на граничните контроли што ги спроведува Германија

Австриските власти реагираат на граничните контроли што ги спроведува Германија
Виена, 10 јануари 2020 (МИА) - Претседателот на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер, на прес-конференција остро реагираше на засилените гранични контроли што ги спрoведува Германија. Платер таквите активности ги нарече „свински”, со обвинување дека контролите само предизвикувале метеж во сообраќајот. Тој, исто така, најави и евентуални остри мерки кон Германија, јави дописникот на МИА од Виена. - Ова е проблем што треба партнерски да го решиме, потенцира Платер. ав/гт/

Остани поврзан