АВМУ ќе го одржи третиот јавен состанок
- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи третиот јавен состанок.
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи третиот јавен состанок.
Согласно агендата на АВМУ, на состанокот ќе се дискутира за спроведените активности согласно Годишната програма за работата на АААВМУ. На дневниот ред се и „Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за 2021 година“, како и „Нацрт за измена на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата за изрекување мерки“. ки/мд/