• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Убиен рускиот генерал-мајор Андреј Головачки

Убиен рускиот генерал-мајор Андреј Головачки

Москва, 4 февруари 2025 (МИА) - Рускиот генерал Андреј Головачки е убиен во војната против Украина, пренесуваат руските медиуми.

Головачки беше осуден на осум и пол години затвор за корупција во 2019 година.

Генерал-мајор Головачки беше осуден во февруари 2019 година заедно со двајца пензионирани „колеги“, генерал полковник Леонид Кривонос и капетанот Вадим Зујев, за земање мито од подредени во замена за продолжување на нивните договори со вооружените сили или нивно префрлање на друга официјална позиција.

Головачки, поранешен прв заменик началник на Генералштабот на регионалната команда на Министерството за внатрешни работи во Северен Кавказ, доби осум и пол години затвор, Кривонос девет и пол, а Зујев седум и пол години. Казната ја отслужија во затворски логор со максимална безбедност.

Не се наведува точниот датум или место на смртта на Головачки. мс/

фото: „Х“

QËNDRONI TË LIDHUR