• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Зеленски: Украина е подготвена да прифати инвестиции од американски компании

Зеленски: Украина е подготвена да прифати инвестиции од американски компании

Киев, 4 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена да прими „инвестиции од американски компании“ бидејќи има минерални суровини кои широко се користат во електрониката, а за кои се чини дека американскиот претседател Доналд Трамп сака пристап во замена за американска помош.

Украина, чија примарна поддршка е Вашингтон во одбраната од руската инвазија која трае веќе три години, се обидува да обезбеди одржливост на американската помош, пренесе Бета.

Ставот на Трамп, кој се врати во Белата куќа во јануари, не е сосема јасен, но тој изрази уверување дека сака брз крај на војната и во минатото го критикуваше трошењето средства за помош на Киев.

Американскиот претседател вчера изрази желба да преговара за договор со Украина за да понуди „гаранција за нејзините ретки земји“, кои содржат минерали.

Зеленски одговори дека е подготвен за тоа, но дека дел од минералните суровини се наоѓаат во делови на Украина кои се под руска контрола. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR