Шаленберг најверојатно ќе биде привремен канцелар на Австрија
- Претседателот на Австрија, Александер Ван ќе именува привремен канцелар, а според локалните медиуми најверојатно ќе биде назначен министерот за надворешни работи Александар Шаленберг од конзервативната Народна партија (ОВП)
- Post By Марина Илиевска
- 10:47, 8 janar, 2025
Виена, 8 јануари 2025 (МИА) – Претседателот на Австрија, Александер Ван ќе именува привремен канцелар, а според локалните медиуми најверојатно ќе биде назначен министерот за надворешни работи Александар Шаленберг од конзервативната Народна партија (ОВП).
Ван дер Белен името на привремениот канцелар ќе го соопшти во текот на денот.
Шаленберг на 11 октомври 2021 година ја извршуваше функцијата канцелар откако Себастијан Курц поднесе оставка.
Канцеларот во заминување Карл Нехамер на 10 јануари ќе поднесе оставка. ми/
фото: ЕПА