Шолц: Сите земји мора да го почитуваат принципот на неповредливост на границите
- Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја, без разлика колку е моќна, и посочи дека европските лидери со „неразбирање“ ги дочекуваат коментарите кои доаѓаат од САД.
- Post By Јасмина Тасевска
- 21:20, 8 janar, 2025
Берлин, 8 јануари 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја, без разлика колку е моќна, и посочи дека европските лидери со „неразбирање“ ги дочекуваат коментарите кои доаѓаат од САД.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера на прес-конференција изјави дека не ја исклучува можноста САД да користат воена сила за да ја преземат контролата врз Панамскиот канал и Гренланд. Гренланд е автономна територија на Данска, долгогодишен сојузник на Америка, членка на НАТО и на Европската унија.
Според Трамп, американската контрола над Гренланд и Панамскиот канал е од витално значење за националната безбедност на САД.
Шолц информира дека денеска разговарал со неколку европски лидери, чии имиња не ги спомна, како и со претседателот на Европскиот совет. Тој посочи дека долгогодишниот централен принцип на меѓународното право е дека „границите не можат да се менуваат со сила“, а рускиот претседател Владимир Путин го прекршил тој принцип со инвазијата на Украина.
Шолц не го спомна Трамп по име ниту нешто подетално за неговите коментари. јт/
Фото: МИА архива