Филипче: Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат
- Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат, рече вечерва во Битола претседателот на СДСМ, Венко Филипче на конференција на општинската организација.
Скопје, 24 декември 2024
Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат, рече вечерва во Битола претседателот на СДСМ, Венко Филипче на конференција на општинската организација.
- Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша, рече Филипче.
По шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чуствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага, додаде тој.
- Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски. Граѓаните тоа најдобро го приметуваат кога ќе влезат во маркетите. Лажните кошнички за поевтини цени се трик на Мицкоски и трговците со што тие печалат на маката на луѓето, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вечерва во Битола разговараше со членовите на партијата за повеќе актуелни теми.
Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе
Задоволен сум што преку еден инклузивен и отворен процес заедно со членството успеавме да ја издигнеме партијата, СДСМ е веќе крената на нозе, ги брани интересите на граѓаните и силно се противи на погрешните политики на власта, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Битола, каде заедно со заменик претседтелката Фани Каранфилова Пановска и потпретседателот Методија Илиевски присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ од овој град.
СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, интензивно сме на терен, помеѓу членовите, да го слушнеме нивниот глас и заедно да ги дефинираме следните чекори, додаде Филипче.
-Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина, рече Филипче.
Филипче му честиташе на новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Битола, другарот Методија Куновски и му посака успешна работа, потенцирајќи дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.
-Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Битола.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: СДСМ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.