• e enjte, 26 dhjetor 2024

Мециновиќ: Годишното обраќање на Сиљановска Давкова неинспиративно, нема идејност како ќе се поставува во надворешната политика

Мециновиќ: Годишното обраќање на Сиљановска Давкова неинспиративно, нема идејност како ќе се поставува во надворешната политика

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ смета дека годишното обраќање на претседателката  Гордана Сиљановска Давкова било протоколарно и само со флоскули, наместо со она што јавноста сака да го чуе после трансферот на власта.

- Пред сѐ, се чини дека претседателката е потполно втурната во сенка на извршната власт и мора да се искоментира дека таа во својот професионален ангажман, во својата кариера има докажано дека е врвен професор, беше добар пратеник, но сега е сведена во функција на министерство за култура во сенката на Христијан Мицкоски, рече тој. 

Во делот на надворешната политика, Меџиновиќ рече дека нема идејност како ќе се поставува понатаму и дека во наредните извештаи на Европската комисија ќе стојат истите оценки за земјава. 

- Претседателката на Република Македонија повика на консензус меѓу политичките елити, кои, да потсетиме, го амортизираа незадоволството на граѓаните кое се изрази во 2022 година со протестите за Францускиот предлог. Од друга страна, во надворешната политика, тоа што можеме да го заклучиме е дека нема идејност како ќе постапиме понатаму. За тоа што го претставуваат како интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа што повеќето граѓани на Република Македонија го сметаат за свој интерес, а тоа е влегувањето и членувањето во Европската унија, сметаме дека и оваа Влада, и овој претседател на Републиката, нема да придонесе ништо позитивно и дека во наредните европски извештаи ќе ги гледаме истите оценки за пристапувањето на Македонија кон Европската унија, рече тој.

Мециновиќ ја повика претседателката да не го потпише указот за двојазични лиценци за градинките. фф/бак/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR