• e enjte, 26 dhjetor 2024

Изложба на графики „Мал Формат“ во Чашка

Изложба на графики „Мал Формат“ во Чашка

Велес, 25 декември 2024 (МИА) - На Плоштадот во Чашка, на еден од ѕидовите на детската гадинка, на осум паноа е поставена Галерија под отворено небо на графики насловена „Мал Формат“, изработени на слободна тема од студенти на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетор „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Оваа изложба судентите ја прават секоја година пред Новогодишните празници и се уште целосно е претставена во Сули Ан во Скопје, а во Чашка се само дел од 18 графики со „Мал формат“, информира за МИА Драганчо Таневски професор по ликовно од ООУ „Тодор Јанев“ , кој е организатор на изложбата под отворено.

Студентите  оваа изложба ја прават пред Нова година со што сакаат да порачаат дека уметноста како подарок може да се купи и подари за Новогодишните и Божиќни празници.

-Нашата Галерија под отворено во Чашка која е алтернативна, нуди прекрасна  можност без разлика  дали е ден или ноќ  на отворено да се види во секое време. На неа овде во Чашка на отворено се претставени 18 мали графики, што е само дел на оваа изложба од студентите, појасни Таневски.

Тој рече дека посетителите можат да видат различни техники на графика, од висок печат, длабок печат, интервенција со боја, конци, текстови во графиката.

-Сите уметници имаат работени на различни мотиви, а поентата е само  да биде мал формат и нивното творештво да можат да го пласираат на пазарот, појасни Таневски.

Изложбата во Чашка ќе биде поставена до 10 јануари идната година. ад/дма/

Фоот:МИА

QËNDRONI TË LIDHUR