Фернандеш: Мораме да го правиме она што го сака менаџерот, иако мислиме дека не функционира
- Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека играчите треба да се држат до она што го тренираат во текот на неделата, иако понекогаш сметаат дека тактичките упатства не функционираат и поради некоја причина не се соодветни за тимот.
- Post By Спорт Миа
- 20:22, 27 shkurt, 2025

Манчестер, 27 февруари 2025 (МИА) - Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека играчите треба да се држат до она што го тренираат во текот на неделата, иако понекогаш сметаат дека тактичките упатства не функционираат и поради некоја причина не се соодветни за тимот.
Португалецот оваа изјава ја даде по вчерашниот многу тежок успех на „црвените ѓаволи“ над Ипсвич, кој беше само петти под водство на новиот менаџер на тимот, Рубен Аморим, кој го презеде тимот во средината на ноември.
Португалскиот тренер се почесто е критикуван од навивачите и аналитичарите кои сметаат дека неговите тактички замисли не му одговараат на 20-кратниот шампион и особено на играчите со кои располага.
Ова беше само петта победа во 16 натпревари под водство на Аморим за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а тимот е едвај 14-ти со само 33 бода по 27 натпревари.
-Јас и Хари Мегваер сме тука долго време и знаеме дека мора да се држиме до она што го тренираме, дека мора да го правиме она што се бара од нас. Понекогаш може да се чувствувате како работите да не функционираат, но поради некоја причина менаџерот не тера да ги правиме овие работи. Барањата на менаџерот се такви, а има многу луѓе кои ги следат нашите противници и одлучуваат што да бараат од нас. Има многу луѓе вклучени во ова, не е само менаџерскиот персонал. Значи, ако тие ја завршија својата работа, ние само треба да излеземе на теренот и да се држиме до барањата, рече Бруно Фернандеш по натпреварот. дс
Фото: Архива