Почина Борис Спаски
- Поранешниот светски шампион во шах Борис Спаски, познат по дуелот со Американецот Боби Фишер во 1972 година за време на Студената војна, почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска Руската шаховска федерација.
- Post By Спорт Миа
- 21:52, 27 shkurt, 2025

Санкт Петербург, 27 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот светски шампион во шах Борис Спаски, познат по дуелот со Американецот Боби Фишер во 1972 година за време на Студената војна, почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска Руската шаховска федерација.
-Почина голема личност, генерации шахисти ги научија и ги проучуваат неговите игри и неговата работа. Ова е голема загуба за земјата, изјави претседателот на Руската шаховска федерација, Андреј Филатов, цитиран од локалните медиуми.
Спаски е роден во 1937 година во Ленинград, денешен Санкт Петербург, а светски шампион стана во 1969 година.
Титулата ја држеше три години, кога беше поразен од Боби Фишер во Исланд, во меч кој остана запаметен како „натпревар на векот“.
По овој пораз Спаски падна во немилост и во 1976 година се пресели во Франција.
Тој повторно го привлече вниманието на јавноста во 1992 година кога одигра неофицијален реванш против Фишер во Југославија, кој исто така го загуби.
Последните години од животот, по два мозочни удари, ги живееше во Русија. дс
Фото: Архива