• e shtunë, 04 janar 2025

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Њу Орлеанс, 1 јануари 2025 (МИА) - Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ. 

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR