• e hënë, 06 janar 2025

Лидерот на Европската народна партија во ЕП бара контратарифи ако САД воведат царини за ЕУ

Лидерот на Европската народна партија во ЕП бара контратарифи ако САД воведат царини за ЕУ

Брисел, 4 јануари 2025 (МИА) - Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Манфред Вебер, повика на контрамерки доколку САД воведат повисоки увозни царини за ЕУ. Тој предложи европските тарифи да бидат насочени кон американските дигитални компании.

„Треба да претпоставиме дека (новоизбраниот американски претседател Доналд) Трамп ќе го направи тоа што го најави: царини од 20 отсто за европски производи ќе бидат можна реалност наскоро, изјави Вебер за Funke Media Group.

 Вебер смета дека Европа треба да се подготви за неговите планови „со самодоверба“, пренесува ДПА.

- Економски, сме речиси еднакви на Американците, и двете страни претставуваат над 20 отсто од глобалниот економски производ. Исто така, можеме да преземеме контрамерки, додаде Вебер.

Сепак, тој нагласи дека ЕУ не сака трговска војна, бидејќи тоа би ја ослабнало целата Западна алијанса. Како алтернатива, Вебер предложи „економско НАТО“ како партнерство со САД за справување со Кина. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR