• e hënë, 06 janar 2025

Стабилна здравствената состојба на архиепископот на Албанија, кој од Тирана беше итно префрлен во болница во Атина

Стабилна здравствената состојба на архиепископот на Албанија, кој од Тирана беше итно префрлен во болница во Атина

Атина, 4 јануари 2025 (МИА) – Здравствената состојба на архиепископот на Албанија Анастасиос е стабилна, соопштија претпладнево од атинската болница во која е хоспитализиран од синоќа, откако беше итно префрлен од Тирана со авион на грчкото воено воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Поглаварот на Албанската православна црква во понеделникот бил превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па синоќа 95-годишниот архиепископ итно бил пренесен во Атина.

Од болницата во која е хоспитализиран, денеска соопштија дека и покрај здравствените проблеми кои ги има, сепак „состојба се смета за стабилна и внимателно ја следи медицинскиот тим на болницата, му се вршат потребните лекарски прегледи и добива соодветна нега“. ср/ссм

QËNDRONI TË LIDHUR