Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -14 степени
- Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -11 во Маврови Анови и на Попова Шапка, -10 во Крива Паланка и Демир Капија, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Штип и Струмица, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Велес и Крушево, -7 во Прилеп, Виница, Кавадарци и Гевгелија, како -5 во Охрид и Претор.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -11 во Маврови Анови и на Попова Шапка, -10 во Крива Паланка и Демир Капија, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Штип и Струмица, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Велес и Крушево, -7 во Прилеп, Виница, Кавадарци и Гевгелија, како -5 во Охрид и Претор.
Снежната покривка во Маврово е 8 сантиметри.
И денеска утрото е ведро и многу студено. Преку ден ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 2 до 10 степени. Во Скопје наутро студено, преку ден сончево со слаб северен ветер и температура до 9 степени. мч/са/
фото: МИА архива