• e diel, 09 mars 2025

Утре штрајк на вработените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен

Утре штрајк на вработените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен

Берлин, 9 март 2025 (МИА) – Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, утре ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди.

Синдикатот Верди претходно ги повика персоналот на земја, ракувачите со багаж и персоналот за обезбедување на аеродромите да стапат во еднодневен штрајк.

Се очекуваат големи ограничувања за полетување и слетување на авиони, вклучително и откажување на голем број летови. јт/

Фото: ДПА

QËNDRONI TË LIDHUR