• e hënë, 10 mars 2025

Рубио од утре ќе престојува во Саудиска Арабија каде ќе разговара со украинска делегација

Рубио од утре ќе престојува во Саудиска Арабија каде ќе разговара со украинска делегација

Вашингтон, 9 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио од утре до 12 март ќе ја посети Саудиска Арабија, каде што ќе разговара со своите украински колеги, соопшти денеска Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека Рубио ќе се сретне и со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд.

Во украинската делегација, која ќе се сретне со американската во Саудиска Арабија, се шефот на кабинетот на премиерот Андриј Јермак, неговиот заменик Павло Палиса, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров. паг/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR