• e hënë, 10 mars 2025

Сијарто: Политичката декларација на ЕУ за поддршка на Украина нема правно значење

Сијарто: Политичката декларација на ЕУ за поддршка на Украина нема правно значење

Будимпешта, 9 март 2025 (МИА) - Политичката декларација за воена и финансиска поддршка за Украина, усвоена од 26 земји-членки на специјалниот самит на ЕУ во четвртокот, „нема правно значење“, бидејќи одлуките за надворешната и безбедносната политика бараат едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто за унгарското државно радио изјави дека Унгарија не попуштила под притисокот да ја потпише декларацијата бидејќи одбива да им се придружи на оние кои сакаат да ја продолжат војната.

„Фактот што 26 земји-членки издадоа политичка декларација претставува политичко мислење. Веќе знаевме дека мнозинството земји-членки ќе го следат Брисел и ќе гласаат за војна, но како дел од глобалното мнозинство зазедовме став за мир“, истакна Сијарто. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR