• e diel, 05 janar 2025

Турција бара затворски казни за осомничените поврзани со нападот на Крокус

Турција бара затворски казни за осомничените поврзани со нападот на Крокус

Анкара, 2 јануари 2025 (МИА)  - Обвинителството во Турција побара 15-годишни затворски казни за петмина членови на терористичката група Исламска држава (ИД), кои се осомничени за поврзаност со извршителите на терористичкиот напад во Москва минатиот март.

Осомничените се уапсени во Истанбул, а главното обвинителство во тој град неодамна поднесе обвинителен акт.

Обвинителите тврдат дека осомничените, вклучително и државјани на Таџикистан, биле во контакт со Шамсидин Фаридуни и Саидакрами Раџабализод, двајцата извршители на нападот во Москва, пишува Дејли Сабах. 

Во терористичкиот напад на 22 март во Крокус Сити Хол во Красногорск, предградие на Москва, загинаа 145 луѓе. јт/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR