• e diel, 07 korrik 2024

Тошковски - Тигањ: Хрватска e еден од најголемите поддржувачи на нашите евроинтеграции и реформите кон градење европска полиција

Тошковски - Тигањ: Хрватска e еден од најголемите поддржувачи на нашите евроинтеграции и реформите кон градење европска полиција

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствариле работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

Како што информира МВР, министерот Тошковски изразил голема благодарност за досегашната соработка, посебно во периодот на техничката влада,  увереност дека таа ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет.

-Министерот Тошковски потенцираше дека Хрватска, како еден од нашите најголеми европски пријатели, ќе продолжи да ја дава својата поддршка согласно заложбите за реформи, кои ќе не доближат до стандардите на ЕУ. Тој изрази надеж за брза билатерална средба со хрватскиот колега, која ќе биде во насока на продлабочување на соработката. Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, исто така, ја потврди одличната соработка на двете полиции во минатото,  која очекува уште повеќе да се интензивира, посебно во делот на размена на информации со цел сузбивање на транснационалниот криминал, како на билатерално ниво, така и низ меѓународните безбедносни институции, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Како што е наведено во соопштението, амбасадорката Тигањ ја оценила досегашната соработка како одлична и посочила дека Република Хрватска е најголем поддржувач на нашите евроинтеграциски процеси.

-Посебна благодарност амбасадорката изрази за проектот преку кој наши полициски службеници секое лето одат во Хрватска, како поддршка на зголемениот ангажман на хрватската полиција во текот на туристичката сезона, наведува МВР. хс/ев/

Фото: Министерство за внатрешни работи

QËNDRONI TË LIDHUR