• e martë, 18 mars 2025

Тајван: Забележани 59 кинески авиони околу островот за 24 часа

Тајван: Забележани 59 кинески авиони околу островот за 24 часа

Тајпеј, 18 март 2025 (МИА) - Тајванските власти забележале 59 кинески авиони околу островот во последните 24 часа, соопшти утринава Министерството за одбрана во Тајпеј.

Во истиот период околу Тајван се регистрирани девет бродови и два балона.

Авионите и бродовите беа забележани неколку дена откако тајванскиот претседател Лаи Чинг-те ја нарече Кина „непријателска странска сила“.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека акциите претставуваат „сериозно предупредување за сепаратистичките сили кои се залагаат за независност во Тајван“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR