• e mërkurë, 19 mars 2025

Кремљ: Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Кремљ: Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Москва, 18 март 2025 (МИА) - Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.

-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.

Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.

Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR