Стабилно време со студени утра во наредните денови
- Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.
Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со
негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.
Утре минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1 степен, а максималната од 3 до 12 степена.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. дма/са/
Фото:МИА архива