Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на МАЕИ, изразена загриженост за состојбата на македонското малцинство во Албанија
- Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија, предводена од нејзиниот претседател, Васил Стерјовски. На средбата претставниците на единствената политичка партија на Македонците во Албанија со сериозна загриженост укажаа на состојбата на македонското малцинство, истакнувајќи дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет.
You need to login to view this page