• e martë, 18 mars 2025

Српскиот град Чачак на ЛЕД екраните низ градот го истакна македонското знаме

Српскиот град Чачак на  ЛЕД екраните низ градот го истакна македонското знаме

Белград, 17 март 2025 (МИА) - Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Северна Македонија по трагедијата во градот Кочани, јави МИА.

Покрај српското знаме, македонското знаме ќе биде истакнато утре и на сите јавни установи во градот.

„Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку ни е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да го изразиме нашето длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Северна Македонија“, рече Петковиќ во изјава за српски медиуми.
Тој додаде дека знамињата на Северна Македонија ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR