Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
- Во скопскиот Градски парк, попладнево, стотина млади лица се собраа за со едночасовен молк да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 лица се здобија со повреди.
- Post By Андреја Ристески
- 19:06, 23 mars, 2025

Скопје, 23 март 2025 (МИА) – Во скопскиот Градски парк, попладнево, стотина млади лица се собраа за со едночасовен молк да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 лица се здобија со повреди.
Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот.
Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот. ра/лв/
Фото: МИА